Главна секција САД го осудиjа нападот врз пратениците, бараат истрага и одговорност

САД го осудиjа нападот врз пратениците, бараат истрага и одговорност

САД силно ги осудуваат нападите врз членовите на македонскиот парламент, изјави Марк Тонер, портпарол на Стејт департментот.

– САД силно ги осудуваат насилните напади врз членови на парламентот на Македонија кои следеа по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Во демократските процеси нема место за насилство. Изразуваме најдлабоко сочувство со членовите на парламентот што се повредени и со нивните семејства. САД ги повикуваат македонските власти да ја гарантираат безбедноста на сите членови на Собранието, да го испитаат темелно нападот и да ги повикаат на одговорност тие што извршиле акти на насилство – изјави Тонер.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД ќе работат со новиот претседател на Собранието за поддршка на демократијата за да помогнат Македонија да продолжи по европскиот пат.

САД ги повикаа сите партии да бидат смирени, да ги решат сите разлики мирно и да ги почитуваат македонските закони и демократски процеси.