Свет САД го осуди нападот на бегалскиот камп во Сирија

САД го осуди нападот на бегалскиот камп во Сирија

Белата куќа соопшти дека не постои начин да се оправда воздушниот напад врз бегалскиот камп во Северозападна Сирија, во кој се убиени 28 лица.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дена нема „оправдано извинување“ за воздушниот напад во кој загинаа невини цивили, кои веќе ги напуштиле своите домови бегајќи пред насилството. Тој ја опиша таквата ситуација како особено трогателна.

Ернест рече дека е прерано да се каже дали силите на сирискиот претседател Башар ал Асад го извеле нападот, но тврди дека тоа не било дело на американските или коалициските авиони кои дејствуваат во тој регион.

Според Ернест, доколку се утврди дека режимот на Асад е одговорен за користење сила против цивилите, „тоа нема да биде првпат“.