Свет Европа Русија во новогодишната ноќ ја нападнала Украина со рекорден број дронови

Русија во новогодишната ноќ ја нападнала Украина со рекорден број дронови

Цел на дроновите била и околината на градот Лвив на крајниот запад на Украина

Фото: Нацонална полиција на Украина, преку ukrinform.net

Украина соопшти дека во новогодишната ноќ, Русија кон неа лансирала рекордни 90 дрона, при што 87 од нив биле соборени. Станува збор за дронови од иранско производство „Шахид“.

Цел на дроновите била и околината на градот Лвив на крајниот запад на Украина.

„Непријателот користеше рекорден број јуришни дронови“, се вели во соопштението од Военото воздухопловство на Украина.

Дополнително, извршени се и напади со руски ракети во регионите Харкив, Херсон и Запорижја.

При нападите на Лвивската област биле нанесени штети на универзитет и музеј. За среќа, нема загинати цивили. Оваа област била нападната со десет дронови „Шахид“, а освен скршени прозорци во цивилни објекти, засега нема пријави за други штети

Во ноќните напади на руските сили во регионот Одеса, еден цивил го загубил животот, а осуммина се повредени. Според неофицијални информации, биле нанесени штети на 5 цивилни објекти.

При артилериски напад во Торецк во Донецкиот регион, загинал 65-годишен маж. Во областа Донецк, односно во едно село, 73-годишна жена загинала во гранатирање од руските сили, а друга жена задобила тешки повреди.