Свет Европа Русија побара објаснување од Швајцарија зошто нејзин авион ја следел руската делегација

Русија побара објаснување од Швајцарија зошто нејзин авион ја следел руската делегација

Русија побара објаснување од Швајцарија, откако воени авиони со швајцарски ознаки неколку минути го следеле авионот со руска делегација во воздушниот простор на таа земја.

– Изразивме недоверба и побаравме објаснување од швајцарската страна поради инцидентот со рускиот владин авион на небото над Швајцарија – се наведува во соопштението на руската амбасада во Швајцарија објавено на „Твитер“.

Вчера, воени авиени со швајцарско знаме го следеле авионот со руска делегација на небезбедно растојание.

Во авионот се наоѓале членови на руската делегација, меѓу кои и шефот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Александар Формин, како и новинари кои патувале кон Перу на самит на Азиско-пацифичка економска соработка.