Свет Европа Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“.

Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во критична и во сериозна состојба.

Претходно, директорката на јавниот сервис на Романија, Ирина Раду, си поднесе оставка затоа што телевизијата со часови доцнела во известувањето за несреќата во ноќниот клуб, додека многу приватни телевизии за пожарот известувале од минута во минута.