Свет Европа Ренци, Меркел и Оланд на средба за иднината на ЕУ по Брексит

Ренци, Меркел и Оланд на средба за иднината на ЕУ по Брексит

Италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска на италијанскиот остров Вентетоне, ќе разговараат за ситуацијата во Европската Унија по излегувањето на Велика Британија.

– Тие ќе дојдат да ја разгледаме можноста како Европа повторно да ја лансираме од дното – изјави вчера Ренци.

Дипломатски извори од Париз, за британските медиуми изјавија дека средбата има цел го покаже единството на трите најголеми земји во Европа и оти не претставува создавање на некаков посебен клуб.

Лидерите на трите водечки економии во Европа вторпат се среќаваат откако Британците на референдум се одлучија за напуштање на Европската Унија.