понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Матео Ренци | 16 резултати

Италијанците утре на референдум ќе одлучуваат за реформа на политичкиот систем

декември 3, 2016

Граѓаните на Италија утре на референдум ќе одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа, пишуваат светските агенции. Станува збор за една од најголемите институционални промени […]

Ренци: Бројот на жртвите од земјотресот достигна 120 лица

август 24, 2016

Премиерот на Италија, Матео Ренци, изјави дека во разорниот земјотрес што ја погоди Италија загинале најмалку 120 луѓе. Претходните проценки покажуваа дека 70 лица ги загубија своите животи во потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Италија. Градот Аматриче во Централна Италија веќе не постои поради штетата нанесена од […]

Се зголемува бројот на жртви по земјотресот во Италија

август 24, 2016

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 38 лица, но новиот биланс на настрадни не е конечен, пренесуваат светските медиуми. – Моето место повеќе не постои, слушаме гласови под урнатините. Мостот што е во градот може да се урне – изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. Службите за спасување […]

Ренци, Меркел и Оланд на средба за иднината на ЕУ по Брексит

август 22, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска на италијанскиот остров Вентетоне, ќе разговараат за ситуацијата во Европската Унија по излегувањето на Велика Британија. – Тие ќе дојдат да ја разгледаме можноста како Европа повторно да ја лансираме од дното – изјави вчера Ренци. Дипломатски извори од Париз, за […]

Дваесет и седум загинати во железничката несреќа во Италија

јули 13, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети местото на несреќата во Пуља, во која, според последните податоци што ги објави агенцијата АНСА, загинаа 27 лица, јавува „Би-би-си“. Десетици лица се повредени, а некои се во критична состојба по фронталниот судир на двата воза. Ова е една од најтешките железнички несреќи во Италија во последните години. Ренци нареди […]

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

јуни 27, 2016

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. „Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема […]

Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

април 25, 2016

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Германија ќе се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британскиот премиер Дејвид Камерон. На состанокот, кој е оценет како мини-самит, лидерите ќе разговараат за борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија, бегалската криза, британскиот референдум за […]

Италија ги легализираше истополовите заедници

февруари 26, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци ја оцени како „историска“ денешната одлука на Сенатот да ја поддржи легализацијата на заедниците на истополовите двојки. Припадниците на ЛГБТ-заедницата, сепак, изразија длабоко незадоволство затоа што законските измени не подразбираат и право хомосексуалните двојки да посвојуваат деца. Изминатите месеци во повеќе италијански градови беа одржани протести на кои се бараше легализација на […]

Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

февруари 19, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупредил источноевропските лидери дека ЕУ би можела да им ги намали паричните средства што им ги дава за развој на сиромашните региони доколку не помогнат во решавањето на бегалската криза, наведуваат учесници на самитот на европските лидери во Брисел. – Миграциската криза е заеднички проблем на сите земји-членки на ЕУ. Ако […]

Руските санкции ги раскараа земјите-членки на ЕУ

декември 23, 2015

Европската унија успеа да ги продолжи санкциите кон Руисија и да издејствува единство на сите 28 земји-членки на заедницата, но прашање е колку долго ќе трае тоа, пишува „Вашингтон пост“. Санкциите, кои се продолжени до јули следната година, предизвикуваат незадоволство кај одредени европски земји, како Италија и Франција, кои одамна ги одржуваат врските со Русија, […]

Ренци: ЕУ ќе ги преиспита санкциите кон Русија

декември 16, 2015

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска соопшти дека Европа и другите западни земји веројатно ќе ги преиспитаат санкциите против Русија во наредните месеци. – Јасно е дека имаме ист став како целата меѓународна заедница, но сметам дека овој пакет санкции ќе биде преиспитан, не во наредните часови, туку во наредните месеци – рече Ренци во интревју […]

Ренци: ЕУ мора да ја менува политиката

декември 7, 2015

Европа мора да се промени за да се ублажи порастот на антимигрантските ставови, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци. – Доколку не се промени насоката, европските институции ризикуваат да станат најдобар сојузник на француските политичари од крајната десница на Марин ле Пен и на нејзините истомисленици. Верувам дека дојде време европските институции да ја согледаат реалноста […]

Страна 1 од 1