Македонија Регистрирани 168 нови случаи на ковид-19, тројца починати и 70 оздравени

Регистрирани 168 нови случаи на ковид-19, тројца починати и 70 оздравени

Oд вкупно направени 1.470 тестирања во последното деноноќие, регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19. Најголем број се во Скопје – 83, а во Тетово има 26 нови случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица, а починати се три лица, од кои двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно таму се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, а нема пациенти ставени на респиратори.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.