Свет Европа Путин денеска ќе се сретне со Макрон, Меркел, Ердоган и со Јункер

Путин денеска ќе се сретне со Макрон, Меркел, Ердоган и со Јункер

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Хамбург ќе има низа билатерални состаноци на маргините на самитот на Групата 20 индустриски развиени земји – Г20.

Путин најпрво ќе разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Русија и САД вчера постигнаа договор за примирје на југозападот на Сирија како еден од резултатите на првиот состанок на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин.