Македонија Продолжува штрајкот на вработените во МЖ, железничкиот сообраќај петти ден во прекин

Продолжува штрајкот на вработените во МЖ, железничкиот сообраќај петти ден во прекин

Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин.

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, а според организаторите на протестот, блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи сè додека не се исполнат барањата на вработените во МЖ.

Од „Македонски железници – Транспорт“ вчера информираа дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата.

Оттаму посочија дека во соработка со Владата треба да се најде и подолгорочно решение за состојбата во „Македонски железници“.