Дописници Привршуваат активностите за модуларната болница во Струга

Привршуваат активностите за модуларната болница во Струга

Во соработка со Министерството за здравство, Општата болница во Струга постави модуларен ковид центар.

Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава, со нешто помалку од 3,5 милиони евра, заем од Светска банка.

Според најавите, монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови деновиве, а трошоците за една болница изнесуваат околу 200.000 евра.

Од општата болница Струга апелираат до граѓаните да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 и да останат безбедни.

Според последните информации од Министерството за здравство, во Струга вчера имало 343 активни случаи на ковид-19, додека во ковид-центарот во Општата болница во Струга биле хоспитализирани 36 болни лица од ковид-19.