fbpx
Таг: Ковид-центар

таг: Ковид-центар

Хирурзите во „8 Септември“ бараат услови за операции, директорот смета дека тоа не е можно поради пандемијата

Во понеделник хирурзите од Градската општа болница „8 Септември“ ќе прекинат со операциите ако директорот д-р Христијан Костов не им создаде услови за хируршки интервенции на пациентите чии болести не се животозагрозувачки. Тие во отворено писмо изразуваат свесност дека втора година работат како главен ковид-центар во државата, но незадоволни се што и покрај приемот на пациенти за операции од...

Заев за оставките за пожарот во болницата во Тетово ќе одлучи според резултатите од истрагата

Премиерот Зоран Заев се обрати до јавноста попладнево, со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово. Премиерот смета дека трагедијата во која 14 луѓе загинаа во пожарот во болницата треба да се расчисти низ независна и експертска истрага и дека резултатите од таа истрага ќе решат за одговорноста на...

Владата прогласи тридневна жалост и апелира да се одложат сите јавни и приватни прослави или партиски промоции

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а...

Привршуваат активностите за модуларната болница во Струга

Во соработка со Министерството за здравство, Општата болница во Струга постави модуларен ковид центар. Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава, со нешто помалку од 3,5 милиони евра, заем од Светска банка. Според најавите, монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови деновиве, а трошоците...

Со ковид-19 во болниците во земјава лежат 1.238 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, и вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, сопшти Министерствто за здравство. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ...

На инфективните одделенија во земјава сега се лекуваат 701 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава било пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни за корона вирус. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701, соопшти...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...