Македонија Груевски: Пред нас е борба за современа и просперитетна Македонија

Груевски: Пред нас е борба за современа и просперитетна Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати честитка до граѓаните по повод државниот празник Илинден, иако делегација на ВМРО-ДПМНЕ вчера на Мечкин камен во Крушево положи цвеќе и се поклони пред споменикот на илинденците, несакајќи тоа да го стори денеска, при официјалната прослава.

„Пред нас е нова борба, борба за современа, просперитетна и економски напредна Македонија, рамо до рамо со другите европски држави. Ако борбата на нашите предци беше создавање на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме и да ѝ го трасираме патот кон економски напредок и просперитет, кон НАТО и ЕУ, каде природно припаѓаме“, се вели меѓу другото во честитката.