Македонија Повторно упатени закани за поставени бомби, овојпат до четири училишта

Повторно упатени закани за поставени бомби, овојпат до четири училишта

Фото: Мета.мк (26.10.2022)

Денеска околу 14 часот на електронските адреси на четири училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиената пријава полициски службеници преземале мерки, а училиштата се безбедно евакуирани.

Од МВР додаваат дека во тек се антитерористички проверки и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е петта по ред закана за поставена рачна експлозивна направа во скопските средни училишта периодов.

Телма објави дека електронската порака е упатена до средното училиште „Никола Карев“, но за разлика од изминатите денови кога пораките беа праќани поединечно на мејловите на сите училиштата, овој пат во пораката до „Никола Карев“ е наведено дека бомби се поставени уште во три училишта, меѓу кои и „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“.

За сите закани за поставени бомби во училиштата досега се утврди дека се лажни. Пред два дена полицијата приведе едно лице осомничено за можна поврзаност со заканите, за кое потоа Јавното обвинителство соопшти дека го ослободило, бидејќи немале сознание дека тој стои зад лажните дојави.