Македонија Потврдени се нови 29 случаи на Ковид-19, оздравени се 6, вкупно активни...

Потврдени се нови 29 случаи на Ковид-19, оздравени се 6, вкупно активни има 393

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 2, Битола 2 и Охрид 2, информира Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрирал 6 оздравени пациенти во: Штип 1, Велес 3, Гостивар 1 и во Кочани 1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, оздравени се вкупно 1.235 пациенти, починале 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. Од кои најмногу во Скопје 138, во Тетово 63 и во Прилеп 62.
Направени се 349 теста во изминатото деноноќие, а вкупно досега во земјата се направени 20.088 тестирања на Ковид -19.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани има 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациента. Во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а нема пациенти на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.