Македонија Потврдени се нови 243 случаи на ковид-19, од направени 1.831 тестирања

Потврдени се нови 243 случаи на ковид-19, од направени 1.831 тестирања

Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирања, од кои регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1,  Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 47 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, а бројката на оздравени пациенти е 15.264. Починаа 753 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците, врз основа на која ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.