Економија Потпишан договорот за царинска соработка со Србија, Унгарија и со Кина

Потпишан договорот за царинска соработка со Србија, Унгарија и со Кина

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина денеска во Белград потпишаа договор за царинска соработка. Договорот го потпишаа во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа.

Договорот, кој беше потпишан во рамките на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа предвидува царините на земјите-потписнички потесно да соработуваат и да разменуваат информации и документи. Ваквиот договор, треба да придонесе за создавање подобра стопанска клима, но и да им овозможи на граѓаните со намалени трошоци полесно да пренесуваат стоки.