Видео Португалија: Пожар предизвика верижна експлозија на 422 возила

Португалија: Пожар предизвика верижна експлозија на 422 возила

Вкупно 422 автомобили експлодираа откако шумски пожар се прошири на паркиралиште на португалскиот музички фестивал под отворено небо „Андансаш“ во округот Порталегри.

Нема повредени во експлозиите и во пожарот. Спасувачките екипи навремено ги евакуирала 4.000 лица кои биле присутни на фестивалот.

Музичарот Педру Мештре изјави возилата експлодирале едно по едно, како пуканки, додека стихијата беснеела на паркиралиштето.