Свет Европа Попоски учествуваше на неформален министерски состанок во Виена

Попоски учествуваше на неформален министерски состанок во Виена

Отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија е фактор за обезбедување на долготрајна стабилизација и просперитет на Балканoт. За тоа сведочи и седмата последователна препорака од Европската Комисија за почеток на преговорите, дoлгогодишните реформи како и одговорноста што ја покажуваме при справувањето со мигрантската криза – се дел од пораките што министерот за надворешни работи Никола Попоски ги упатил на неформалниот министерски состанок што се одржал вчера во Виена.

Mинистерскиот состанок го отворил австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порачал дека Австрија останува посветен партнер на Македонија во евроатлантскиот интегративен процес.

Eврокомесарот за проширување Јоханес Хан за Македонија истакна дека, успешно спроведување на изборите во јуни и фокусот на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите.