Свет Балкан Поплави во Србија, во некои општини прогласена е вонредна состојба

Поплави во Србија, во некои општини прогласена е вонредна состојба

Обилните врнежи од дожд во Србија предизвикаа излевање на реките и поплави.

Вонредна ситуација е прогласена во општините Арлија и Лучани, каде што се излеале реките Моравица и Бјелица.

Во овие две општини поплавени се повеќето сообраќајници, домови, фабрики и училишта.

Нивото на водата во реките е зголемено и во ужичкиот крај, а во некои области поставени се и насипи.

Надлежните органи и спасувачките екипи се подготвени и за евакуација на загрозените домаќинства.