Македонија Полицијата вчера во Скопје изрекла 309 казни и исклучила 2 автобуси од...

Полицијата вчера во Скопје изрекла 309 казни и исклучила 2 автобуси од сообраќај

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, информираат од МВР.

Полицијата вчера казнила 8 лица кои возеле без возачка дозвола, како и 86 за пречекорување на брзината. Воедно изречени се 7 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси.

Полициските службеници изрекле и 68 мерки за непрописно паркирање, а 71 возило било подигнато со пајак. Во текот на вчерашниот ден изречени се и 120 казни за неносење на заштитна маска.

МВР најави дека ќе продолжат засилените сообраќајни контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.