Македонија Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

Фото: Борче Поповски

Над 40 амандмани поднеле политичките партии за Предлог – законот за јавно обвинителство, кој денеска се разгледува на седница на Комисијата за европски прашања. Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, 16 се на СДСМ, 10 се на ДУИ и три на пратеничката Сурија Рашити.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби даде пауза веднаш по отпочнувањето на комисиската седница за членовите да можат да ги разгледаат поднесените амандмани. Груби ги потсети пратениците – членови на комисијата дека расправата за овој предложен закон може да трае најмногу два работни дена.

Предлог – Законот за јавно обвинителство е со европско знаменце и неговото донесување ќе се изврши по скратена постапка. Собранието ја донесе ваквата одлука во вторникот, а веднаш потоа беше закажана седницата на Комисијата за европски прашања.