Свет Балкан По утринските апсења, во Косово мирно, но напнато

По утринските апсења, во Косово мирно, но напнато

 

По утринското апсење од страна на членовите на специјалната единица РОСУ, на северот на Косово е мирно, но напнато, јави агенцијата Бета.

Не е сигурно што ќе се случува до крајот на денот, така што граѓаните се собираат во групи во градовите.

Денес во училиштата во Косовска Митровица не се одржуваше настава.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во парламентот на Србија рече дека големите западни сили реагирале и рекле дека акцијата на косовските специјални сили нема никаква врска со борбата против корупцијата, туку дека е пречекорување на мерките.

Тој, според РТС, претпоставува дека единиците на Косово се повлекле по предупредувањата од западните сили.

Инаку, утрово беа уапсени повеќе Срби и Албанци, осомничени за криминал. На акцијата ѝ претходела повеќемесечна истрага од Канцеларијата на специјалниот обвинител на Косово, поради сомневањедека некои полицајци и некои граѓани учествувале во „организирање криминални групи во врска со други кривични дела, како што се шверц на стока, злоупотреба на службената положба, поткуп, забранета трговија“.

Вучиќ рече дека дека планот на косовските сили бил апсење на 26 лица, а 19 од нив на северот на Косово се приведени во јужниот дел на Косовска Митровица. Српскиот претседател смета дека провокациите ќе продолжат.