Свет Европа По референдумот во Италија, еврото изгуби од својата вредност во однос на...

По референдумот во Италија, еврото изгуби од својата вредност во однос на доларот

Еврото изгуби од вредноста во однос на доларот и падна на 1,055 од 1,0625 долари, по првите анкети кои покажаа дека Италијаните на референдум ги отфрлија уставните промени на премиерот Матео Ренци, јавуваат светските медиуми.

Финансиските пазари реагираа на референдумот, а губењето на вредноста на еврото е последица на таквата реакција.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот на референдумот и рече дека презема целосна одговорност, па потоа поднесе оставка.

Референдумот во Италија беше за менување на уставот заради намалување на овластувањата и на големината на сенатот, а според оценките на аналитичарите, тоа би дало многу поголеми овластувања на претседателот на владата.