Свет Петнаесет загинати во бродска несреќа на реката Нил

Петнаесет загинати во бродска несреќа на реката Нил

Најмалку 15 луѓе загинале во судир меѓу товарен и патнички брод во реката Нил во Египет, јавуваат светските агенции.

Според информациите, семејство и пријатели на млада брачна двојка најмиле брод за нивната свршувачка и испловиле северно од Каиро, каде и се случила несреќата.

Од египетското министерство за внатрешни работи соопштиле дека во реката биле пронајдени 15 безживотни тела, додека шест лица сè уште се водат како исчезнати.

Според извештаите, пет лица биле спасени, а капетанот на товарниот брод бил уапсен.

Засега не се познато дали брачната двојкa што ја прославувала свршувачката била меѓу загинатите.

Вчера сообраќајот во водите на Нил бил отежнат бидејќи голем број Египќани го прославуваат завршувањето на светиот месец Рамазан.