Главна секција Оздравени се 45 пациенти, потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, почина 1...

Оздравени се 45 пациенти, потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 45 оздравени пациенти, и тоа во Скопје-19, Куманово-25 и Прилеп-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 61-годишен пациент од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, кој бил хоспитализиран од 24 април. Од болницата се испишани 8 оздравени лица, а денеска за прв пат од почетокот на епидемијата нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19.

На оваа клиника во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 се потешко болни и на кислородна поддршка, а 1 критично болен пациент е на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.

Лабораторијата на Жан Митрев доставила допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април.

„Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резултати се негативни“, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во нашата земја досега изнесува 1.506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Досега во земјата се направени вкупно 16.997 тестирања на Ковид -19.