„Македонија 2025“ објави повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид.
Основна цел на програмата е младите од 11 до 15 години да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите Македонци од земјава и дијаспората да создаваат мрежи, да воспоставуваат пријателства, да ја зајакнат и да ја градат македонската култура.
Кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционални летни активности со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини и ќе учествуваат во натпревар на идеи, со фокус на решавање проблеми, акција, пошироко размислување и трагање по решенија и соработка.
Kампот, како и минатата година, е под покровителство на Претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Повеќе за програмата и условите за конкурирање може да најдете на линкот.
Крајниот рок за конкурирање е 5 мај.