Свет Балкан Откажан самитот на ЕУ – шансите за спас на Грција се минимални

Откажан самитот на ЕУ – шансите за спас на Грција се минимални

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска соопшти дека е откажан самитот на ЕУ кој вечерва требаше да се одржи поради грчката криза, а претставниците на 19 членки на еврозоната продолжуваат да преговараат за финансиски спас на Грција.

Нешто порано, потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски, рече дека Комисијата оценила оти „изгледите се многу мали“ да за се одобри трет план за финансиско спасување на Грција, на која ѝ се заканува излегување од еврозоната.

„Европскиот состанок на врвот е откажан, а самитот на еврозоната ќе почне во 16 часот и ќе трае сè додека завршат преговорите со Грција“, најави Туск на „Твитер“.