Македонија Османи – Рибеиро: Руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските...

Османи – Рибеиро: Руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите

Фото: Министерство за надворешни работи

Министерот Бујар Османи денес оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, соопшти Министерството за надворешни работи.

На средбата биле разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, било констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот.

“Политиките кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ денеска имаат извонредно значење, во светло на континуираната борба за заштита и промоција на човековите права и основните слободи“, нагласил Османи на средбата.

Османи, исто така, изрази и поддршка за активностите кои ја промовираат слободата на изразување, и подготвеност за натамошно унапредување на медиумското опкружување и услови за работа на новинарите.