Свет ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да изрече нови санкции кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг вчера ја изведе петтата и најсилна досега нуклеарна проба, јавуваат светските медиуми.

Одлуката е донесена на вонредниот состанок на 15-члениот совет, јавува „Би-би-си“.

Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, вчера жестоко ја осуди нуклеарната проба и изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното самоуништување“ и дека пробата сведочи за „манијачкото несовесно однесување“ на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Кина формално го осуди чинот на Пјонгјанг, додека Јапонија упати официјален протест до севернокорејските власти.

Северна Кореја од почетокот на оваа година изведе две нуклеарни проби и покрај забраната од Обединетите нации.