Македонија Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство...

Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство за правда

Амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците која денеска требаше да почне во собраниската Комисија за европски прашања е одложена, поради, како што соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби, неприсуството на претставници од Министерството за правда.

Како што соопшти Груби, тој добил известување од министерот за правда, Билен Саљији дека е во Летонија, и дека на денешната седница го очекувале заменик-министерот.

– Мора да има претставник на Владата кој ќе се изјасни за 90-те амандмани што се поднесени за Законот – рече Груби, додавајќи дека за продолжението на седницата ќе извести денеска или утре.

Според Деловникот амандманската расправа за предлог-законот треба да трае три дена. Груби тврди дека, роковите, кои веќе течат, се почитуваат.

Тој додаде оти очекува дека на продолжението на седницата ќе дојдат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.