Македонија Од „Комунална хигиена – Скопје“ се пофалија дека расчистувале диви депонии

Од „Комунална хигиена – Скопје“ се пофалија дека расчистувале диви депонии

Притоа, како што велат оттаму, подигнале околу 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад

Фото: ЈП Комунална хигиена - Скопје, 16 август 2023

Преку соопштение до медиумите Јавното претпријатие „Комунална хигиена -Скопје“ се пофали дека работело на расчистување диви депонии на територијата на Скопје. Притоа, како што велат оттаму, подигнале околу 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад.

Наводно, активностите се одвивале во Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето.