Македонија Нови 88 случаи со ковид-19, починаа 5 лица, а оздравени се 135...

Нови 88 случаи со ковид-19, починаа 5 лица, а оздравени се 135 пациенти

Во последните 24 часа направени се 1.618 тестирања, од кои регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3 и Ресен-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 71 пациент. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 46 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, како и 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, а бројката на оздравени пациенти е 14.084. Починаа 705 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.