Главна секција Нови 26 заразени, 36 оздравени и еден починат пациент од корона вирусот

Нови 26 заразени, 36 оздравени и еден починат пациент од корона вирусот

Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во изминатото деноноќие, бројката на нови случаи на заразени со корона вирусот се зголеми за 26, и изнесува 1.326 вкупно регистрирани случаи, додека еден маж на 80 години починал. Со тоа бројката на починати порасна на 57. Во истиот период, регистрирани се 36 оздравени пациенти – од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 15, Штип -7, Прилеп – 6, Велес 3, Кочани 2 и Пробиштип 1.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19, од кои најголем број се од Скопје, односно вкупно 11. Во Куманово се регистрирани 2 случаи, во Тетово 3, во Струга 6, а во Битола, Гостивар, Виница и Неготино , по еден нов случај.

Направени се 408 теста, и досега во земјава се направени вкупно 14.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени тројца пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се шест, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се шест пациенти, а седум се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат тројца, а на домашно лекување уште 15 пациенти.