Главна секција Нови 130 случаи на ковид-19, двајца пациенти починаа и 152 се оздравени

Нови 130 случаи на ковид-19, двајца пациенти починаа и 152 се оздравени

Во последните 24 часа направени се 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека во болнички услови починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 40 пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројката на оздравени пациенти е 9.513. Починаа 549 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.908.