Македонија Нов земјотрес во подрачјето на Дебар во 12:23 часот, почувствуван во западниот...

Нов земјотрес во подрачјето на Дебар во 12:23 часот, почувствуван во западниот дел од земјава

Извор: USGS Earthquake Hazards Program of the U.S. Geological Survey

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје денеска во 12.23 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а бил почувствуван од населението во западните делови на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија.

Утрово по 8 часот на оваа локација се случи серија од пет земјотреси од послаб интензитет.