Подглавна секција НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за...

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за еколошка штета

Фото: НАТО | nato.int

НАТО Алијансата изрази длабока загриженост за штетата од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница инцидентите се наречени „намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа кои меѓу другото претставуваат и ризик за сериозна еколошка штета“.

„Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа. Овие протекувања предизвикуваат ризици за превозот и значителна еколошка штета“, се вели во денешното соопштение на Алијансата.

Европската унија исто така соопшти дека протекувањето било предизвикано од „саботажа“, но се воздржа директно да ја префрли вината на Русија.

Трите истекувања, од кои две се во данската зона и едно во шведската зона, беа откриени претходно оваа недела во двата главни руски подводни цевководи дизајнирани за транспорт на природен гас во Германија. Шведска денеска соопшти дека нејзината крајбрежна стража пронашла и четврто истекување.

Советот за безбедност на ОН ќе се состане на утре септември за да разговара за инцидентот, а официјален Кремљ на денес соопшти дека се чини оти протекувањето е резултат на државно спонзориран „тероризам“.