Свет Европа Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум луѓе загинале, а повеќемина се повредени во голема експлозија што денеска попладне се случила во фабрика за пиротехника и за огномети во близина на градот Бари, во Јужна Италија, пренесуваат светските агенции.

Според извештаите, станува збор за фабриката „Брускела“ во градот Модуњо.

Информациите што ги пренесуваат медиумите велат дека првична детонација предизвикала серија експлозии и пожар, кој се заканува да ја зафати блиската шума.

Брoјни противпожарни и медицински екипи се на местото, а полицијата работи на откривање на причините за експлозијата.

Според медиумите, фабриката изминатиов период работела со зголемен интензитет, подготвувајќи огномети за фестивалите што во овој период се организираат во повеќе италијански градови.