Свет Европа Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца загинаа во експлозија во...

Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца загинаа во експлозија во Франција

Фото: Министерство за внатрешни работи на франција

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Саланk, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен.

„Ова е вистинска драма која се одвивала во Сен Лоран-де-ла-Саланк, на источните Пиринеи. Прелиминарниот извештај е седум починати од кои две деца. Во име на нацијата, ја давам сета моја поддршка и солидарност на семејствата и најблиските на жртвите. Им благодарам на пожарникарите за брзата акција, како и на целокупните мобилизирани државни служби. Отворена е истрага, која ќе ги расветли причините за оваа драма“ изјави Дарманен.

Во трагедијата има и најмалку четири лица кои се повредени, од кои едно потешко, а околу 25 лица се евакуирани. 27-годишно момче се здобило со сериозни повреди откако скокнал од зградата за да го избегне пожарот кој избувнал по експлозијата.

Момчето е итно пренесено во болница, објави „Ле Паризиен“, наведуваjќи и дека три лица биле полесно затруени од токсичните испарувања.