Свет Европа Најмалку осум загинати во големи поплави во Тбилиси

Најмалку осум загинати во големи поплави во Тбилиси

Во поплави што ноќеска го погодиле главниот град на Грузија, Тбилиси, загинале најмалку осум луѓе, а имало пријави и за исчезнати во надојдените води, пренесува ХРТ.

Од силниот дожд, надојдената река Вере, која тече низ градот, однела десетици згради и автомобили.

Животните од градската зоолошка градина побегнале од своите кафези, оштетени од дождовите. Меѓу избеганите животни имало шест тигри, шест лавови и осум мечки.

Побегнале вкупно 50 опасни животни, а полицијата во близина на детската болница застрелала шест волци.

Од полицијата ги повикале граѓаните да не излегуваат од своите домови.