Свет Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“.

Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија.

Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни жртви.

Министерствата за одбрана на Азербејџан и на непризнаената република на Нагорно-Карабах соопштиле дека ситуацијата дожл линијата за контакт и натаму е тензична.

Властите во Ереван и Баку вчера меѓусебно се обвинија за поттикнување на насилствата.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија кои избувнаа ноќта меѓу петокот и саботата.

Судирот меѓу Ерменија и Азербејџан почна во 1988 година, откако автономниот регион Нагорно-Карабах, со мнозинско ерменско население најави отцепување од Азербејџан.

Нагорно-Карабах прогласи независност во 1991 година, што предизвика војна меѓу двете земји, која траеше до 1994 година.