Свет Најмалку 17 загинати во две експлозии во Бејрут

Најмалку 17 загинати во две експлозии во Бејрут

Најмалку 17 луѓе загинале во две експлозии што денеска одекнале во главниот град на Либан, Бејрут, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од безбедносните служби.

Експлозиите се случиле во предградието Бурџ ел-Барајнех, во јужниот дел на Бејрут, кое важи за упориште на шиитското движење Хезболах.

Според локалните медиуми, експлозиите, во кои има голем број повредени, ги предизвикале двајца бомбаши-самоубијци.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, поради конфликтот во Сирија безбедносната состојба во Либан е влошена, а јужниот дел на Бејрут и предходно беше цел на напади од сунитски милитанти групи.

Хезболах ги поддржува и се бори на страната на силите лојални на сирискиот претседател, Башар ал-Асад, додека либанските муслимани сунити ја поддржуваат сириската опозиција.