Свет Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Ирак

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Ирак

Најмалку 12 лица загинале, а повеќе од 32 се повредени, откако бомбаш самоубиец утрово активирал појас со експлозив при напад на џамија во Абу Граиб, на околу 25 километри од Багдад, соопшти ирачката полиција.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, кој е прв околу Багдад, откако ирачките сили во неделата соопштија дека градот Фалуџа е целосно ослободен од припадниците на Исламска држава (ИД).

Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, беше првиот град кој падна во рацете на ИД, во јануари 2014 година.