Во изминатава година, Мета.мк ја следеше ситуацијата во регионот во поглед на пласирањето дезинформации, половични информации и лажни вести.
Од низата случаи што ги презентиравме, избравме шест што заслужија да се најдат во изборот на најтипичните дезинформации.
1. Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија
2. Норвежанец од Орегон со лепра од мачор го запалил Куранот, проверено од Индонезија во БиХ
Станува, всушност, збор за фотографија од човек во болнички кревет во тешка состојба, за која порталот „Сазнајемо“ и некои Фејсбук страници пишувале дека станува збор за Норвежанец кој е во многу тешка состојба како казна од Бог за тоа што го запалил Куранот. „Raskrinkavanje.ba“ внимателно истражувал и утврдил дека истата приказна се ширела и на индонезиски Фејсбук групи и некои портали, но дека тврдењето е апсолутна лага.
3. Од пцост за Рамиз, грчки медиуми направија „смрт за неверниците“
4. Грчки сајт најде 200.000 хомосексуалци во земјава
Обидувајќи се да провериме која е таа анкета на која се повикуваат медиумите во последниве два дена најдовме неколку на агрегаторот „Дејли“, каде се цитирани делови од содржините од повеќе вести од 24 ноември 2010 година од кои се дознава дека анкетата ја спровела граѓанската организација „Хоризонт“, дека се спровела на интернет и дека учествувале 12.000 испитаници.
Но анкетите, односно истражувањата на јавното мислење, се изведуваат според добро утврдена методологија, која претставува една лична карта на професионалните агенции, и истражувања на интернет воопшто не може да се сметаат за анкета. Впрочем, тоа новинарите добро го знаат!
5. Неинтелигентно и дискриминаторски: Како се мери IQ на некој народ?
Српскиот портал „Курир“ објави вест под наслов „Ова истражување на Македоците нема да им се допадне – имаат најнизок коефициент на интелигенција во регионот“, според која граѓаните на Македонија имаат просечен IQ од 82 и дека се на исто ниво со Албанците од Албанија, а на пониско од Србите кои имале 90, од Словенците кои имале 99 и од БиХ, каде народот бил со просечен 89 IQ.
Но недостасуваат елементи на веродостојност на изворот на веста. Имено, книга со наслов „Интелигенција на народите“ постои на интернет и нејзини автори се двајца универзитетски истражувачи од различни институти (Lynn, Richard & Becker, David. (2019). The Intelligence of Nations.). Но, можат да се најдат и многу други слични наслови. Самата книга не е достапна без плаќање, туку се достапни само цитати или кратката содржина за тоа како е мерена интелигенцијата на 128 нации во светот, а ниту „Лидер“, ниту „Курир“ објавиле линк до книгата, референци за неа или некој друг податок.
6. Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години
И додека пренесената агенциска вест едноставно ги изнесува фактите, без какви било драматизирања, наведувајќи само дека имало бурни реакции меѓу граѓаните на Охрид за реконструкцијата на џамијата од 15. век, како и реагирања од здружението „Совест“ за изградба на 25-метарското минаре во централното градско јадро.
На сето тоа, надвор од новинарските стандарди и основната логика, „Дневно.рс“ кова наслов кој, во лов за повеќе кликови, изнесува целосни дезинформации и поттикнува меѓуверска и меѓунационална омраза.