Економија На двете сметки на Црвен крст собрани 840.002 евра, акцијата завршува денеска

На двете сметки на Црвен крст собрани 840.002 евра, акцијата завршува денеска

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 38.409.843 денари или 624.550 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.250.300 денари, односно 215.452 евра, или вкупно 840.002 евра, соопштија од Црвен крст.

Досега, како што известија од Црвен крст, нивните екипи дистрибуирале:

  • 34.036 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица);
  • 31.004 дневни и топли оброци;
  • 46.377  литри млечни производи;
  • 7.008 пакети со хигиенски производи;
  • 2.577 бебешки пакети;
  • 315 тони вода;
  • 586 душеци;
  • 4.590 кебиња;
  • 600 килограми облека;
  • 764 пара чизми;
  • 341 литар дезинтал.

Средствата што досега се собрани ќе бидат распределни линеарно на граѓаните од поплавените подрачја.