Главна секција Могерини и Хан го потврдија приемот на известувањето за новото име на...

Могерини и Хан го потврдија приемот на известувањето за новото име на Македонија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека го примиле известувањето од Република Северна Македонија за новото име и упатија честитки и до Скопје и Атина за постигнатиот напредок.

„Денеска Европската Унија беше формално известена од Република Северна Македонија за нејзиното ново име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Срдечно го поздравуваме овој историски чекор, којшто поставува пример за помирување во регионот на Западен Балкан и пошироко. Им честитаме на Хеленска Република и на Република Северна Македонија за ова значајно постигнување, со коешто се отвора нова страница во нашата заедничка иднина во ЕУ“, порачаа Могерини и Хан.