Свет Свет Мексиканските туристи тврдат дека во Египет биле нападнати од авион

Мексиканските туристи тврдат дека во Египет биле нападнати од авион

Туристите од Мексико кои утринава по грешка беа нападнати од египетската војска, на амбасадорот на нивната земја му соопштиле дека биле мета на авионски напад.

Тоа го изјави секретарката за надворешни односи на Мексико, Клаудија Руис Масје, и потврдила дека во нападот загинале двајца туристи, а шест луѓе се ранети. Таа на прес-конференцијата за новинари рекла дека Мексиканците настрадале во воздушен напад со бомби, кои се фрлени од еден авион и од неколку хеликоптери.

Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, разговарал денеска со Руис Масје и ѝ објаснил дека туристите се нашле во забранета зона, каде и војската и полицијата се во потрага по вооружени екстремисти, кои користат исти возила какви што биле тие во кои се наоѓале туристите.

Мексико му испрати дипломатска нота на Египет во која се изразува „големо вчудовидување“ и барање за истрага, а нападот го осуди и египетскиот претседател Енрике Пена Нијето.