Свет Балкан Марш на ЛГБТИ-заедницата во Тирана со поддршка и од Македонија

Марш на ЛГБТИ-заедницата во Тирана со поддршка и од Македонија

Со велосипеди и со знамиња, околу 200 ЛГБТИ-лица и активисти и нивни поддржувачи од други невладини организации во Тирана денеска го одржаа маршот на гордоста.

Активистите ги повикаа властите да одговорат на две иницијативи за трансродовите лица и за истополовите бракови.

Маршот беше поддржан и од македонски активисти, кои носеа транспарент „Со љубов од Македониија“ (With love from Macedonia).