Свет Европа Макрон: ЕУ мора да спроведе реформи за да се натпреварува со САД...

Макрон: ЕУ мора да спроведе реформи за да се натпреварува со САД и Кина

Европската Унија мора годинава да спроведе реформи за да може да се натпреварува со светските сили како што се Кина и САД, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Тој додаде дека на амбициозните земји, ЕУ мора да им овозможи напредок кон европската интеграција, дури и ако другите земји не сакаат да се придружат.

„Помалку амбициозните не треба да ги блокираат амбициозните“ изјави Макрон.

Тој додаде дека земјите на ЕУ треба да ја контролираат даночната политика и додаде дека Франција ќе издвои 10 милијарди евра за финансирање на иновации и истражувања.

Макрон повика на поголема европска и меѓународна соработка поврзана со воведување на данок на компаниите во земјите во кои заработуваат.

Тој повика и на соработка во борбата против тероризмот ширум светот.