Дописници Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

Италијанската полиција запленила рекордно количество од 8 тони марихуана, која била натоварена во камион што го управувал македoнски државајнин, пишува весникот „Венеција тудеј“.

Според весникот, дрогата била транспортирана со ферибот од Албанија до италијанското пристаниште во Анкона. Италијанските служби, пишува весникот, ја детектирале дрогата на пристаништето, но го пуштиле камионот да помине, а информацијата за транспортот ја чувале во тајност за да дојдат до останатите вмешани во нарко-мрежата.

Викендов италијанската полиција потвди дека во Венеција се запленети 8 тони марихуана. Од полицијата навеле дека нема да соопштуваат повеќе детали поради истрагата која била во тек, но потврдиле дека криминалната организација била раководена од македонски државјани.